ECCA
Мисијата на ECCA е кревање на свеста за ракот на грлото на матката и негова превенција, меѓу припадниците на пошироката јавност, здравствените работници и носителите на одлуки во јавното здравство во Европа.
ECCA е голема мрежа на организации од цела Европа кои ги здружиле силите за да припремат и дистрибуираат информации засновани на докази за причинителите на ракот на грлото на матката и важноста на програмите за превенција на оваа болест. Во моментов, членството во ECCA надминува 100 институционални членови (друштва пртив ракот, здравствени организации, истражувачки организации и здруженија на пациентите) од 34 земји, заедно со повеќе од 1000 поединечни членови од 40 земји.
Сите образовни материјали на ECCA се во склад со модифицираниот Делфи процес според кој институционалните членови редовно се консултираат околу целиот процес на изработка на материјалите се додека не се постигне консензус. Потоа, националните експерти ги прилагодуваат материјалите во склад со здравствената пракса во сопствената држава и тие се исто така задолжени за превод на домашниот јазик. На тој начин, ECCA преку своите членови расоплага со неверојатна количина на знаење за сите аспекти на ракот на грлото на матката и негова превенција за да се создаде конензусно прифатени едукативни материјали кои се истовремено прилагодени на скринингот и лекарската пракса на секоја земја.

