Симптоми на болеста

Потребно е многу години за да се развие рак на грлото на матката. Процесот започнува со инфекција од високоризичните типови на ХПВ кои доведуваат до неправилности во клетките на грлото на матката. Потоа, ако ХПВ инфекцијата не исчезне сама од себе, неправилните клетки можат да се влошуваат со тек на времето додека на крај не се развијат во рак. Според сегашните размислувања овој процес трае од 10 до 15 години.

Рана фаза на болеста

Ни ХПВ инфекциите ни неправилните клетки на грлото на матката не предизвикуваат никакви очигледни симптоми: нема болка, не крвари, ниту има промена која би укажало на тоа дека нешто не е во ред. Скринингот на грлото на матката е единствениот начин да се откријат неправилните промени во раната фаза, кога може да се лечат со висока стапка на успех.

Напредна фаза на болеста

Откако абнормалните клетки на грлото на матката напреднале во рак на грлото на матката, можат да се појават симптоми како што се:

  • Вагинално крварење после сексуален однос
  • Невообичаен вагинален секрет
  • Болка во гениталниот предел

Тие можат да бидат предизвикани од рак на грлото на матката но и од други состојби. Што и да е причината, ако имате некој од овие симптоми, веднаш треба да консултирате доктор.