Ризик фактори за рак на грлото на матката

Ризик фактор за некое заболување е нешто што може да ги зголеми шансите да се развие тоа заболувањето. Ризик факторите подразбираат и лични навики, како што е пушењето, кое е одамна познато како ризик фактор за многу малигни тумори. Имајќи го ризик факторот за одредена болест не значи дека личноста ќе го добие заболувањето, туку  едноставно значи дека шансите за заболување се поголеми кај неа  во однос на друга личност која го нема тој ризик фактор, доколку сите останати околности се исти.

За ракот на грлото на матката високоризичните типови на ХПВ се главните ризик фактори и болеста нема да се развива кај жена која нема еден од тие високоризични типови на вируси. Меѓутоа, кај жена која има ХПВ, неколку други фактори можат дополнително да го зголемат ризикот од развивање на рак на грлото на матката. Тука спаѓаат:

  • Пушењето
  • Се друго што го ослабува имунолошкиот систем, како што е инфекцијата со Human Immunodeficiency Virus (ХИВ) или хемотерапијата