Рак на грлото на матката
Ракот на грлото на матката може да расте на истиот начин како и на било кој друг дел од телото. Ракот на матката може да биде предизвикан од 15 високоризични типови на Хуман Папилома Вирусот (ХПВ). ХПВ може да предизвика абнормалности во клетките на грлото на матката и полека да се развива рак. На почетокот, овие абнормални промени се благи и многу од нив можат да исчезнат сами од себе без третман.
Понекогаш абнормалните клетки не исчезнуваат и можат да прераснат во рак на грлото на матката доколку не се најдат и отстранат. Абнормалните клетки можат многу едноставно да се отстранат и со тоа да се спречи ракот на грлото на матката. Меѓутоа, овие абнормални клетки немаат видливи знаци и симптоми и единствениот начин да се откријат е скринингот/ раното откривање.


