Вакцинација против ХПВ
Бидејќи ракот на грлото на матката не се развива без високоризични ХПВ типови, вакцинацијата против ХПВ е и заштита од развивање на рак на грлото на матката. Денес се достапни две вакцини за да ги заштитат жените од двата најопасни типови на ХПВ, тип 16 и 18, кои ги предизвикуваат околу 2/3 од случаите на рак на грлото на матката и многу неправилни резултати на Пап-тестот. Освен тоа, една од вакцините исто така спречува инфекции од ХПВ типовите 6 и 11 кои ги предизвикуваат повеќето генитални брадавици.
Постоечките вакцини се покажале како особено сигурни и ефективни во спречувањето на инфекциите од ХПВ типовите за кои се наменети, а послабо штитат и од некои други типови на ХПВ. Меѓутоа, овие вакцини не штитат од сите типови на ХПВ кои се поврзани со развој на рак на грлото на матката, така што скринингот и понатаму останува најважниот начин на заштита од рак кој може да биде предизвикан и од други типови на ХПВ.
Двете вакцини се дизајнирани пред се за да се спречи првата инфекција со ХПВ, и најефикасни се кај жените кои не биле изложени на инфекцијата а тоа е најчесто во периодот на адолесценцијата, пред првиот сексуален однос. Имплементација на училишен програм за вакцинирање на сите девојчиња е важна национална стратегија за контрола на ракот на грлото наматката.
Мажите исто така можат да бидат заразени од ХПВ и да го пренесат на својата партнерка. Во тек се истражувањата кои ќе ја утврдат ефикасноста на спречувањето на инфекцијата и настанувањето на болеста кај мажите. Вакцинацијата против ХПВ е важен напредок во борбата против ракот на грлото на матката. Заедно, организиранито програм за скрининг и вакцинацијата против ХПВ овозможуваат најефикасна заштита против рак на грлото на матката.
Во Македонија вакцинирањето се препорачува кај девојчиња и млади жени на возраст од 9 до 26 години.

