Типови на скрининг
Скринингот е постапка со која се откриваат личностите кај кои има поголем ризик да се појави болеста и личностите кои веќе ја имаат оваа болест во раната фаза, кога сеуште нема симптоми. Скринингот може да биде: организиран и опортунистички. Двата пристапи значајно ја намалуваат веројатноста за појава на рак, но организираниот програм за скрининг е:
- Правичен (еднакво е корисен за сите жени)
- Ефективен (овозможува најголема редукција во случаите на рак на грлото на матката)
- Исплатлив (постигнува најголем ефект имајќи ги предвид трошоците).
Скринингот или раното откривање на ракот на грлото на матката во Македонија се нуди на жените на возраст од 25 до 64 години и се извршува на секои 3-5 години, во зависност од возраста.

