Лечење
Поголемиот дел од неправилностите на клетките на грлото на матката поминуваат сами од себе, без лечење. Понекогаш ако не поминат, или се во повисок степен, треба да се отстраната за да не се развијат во рак на грлото на матката. Тоа може да се направи на неколку начини.
Криотерапија
При криотерапија, мала метална плочка се лади на температура пониска од точката на замрзнување, и потоа се поставува во грлото на матката за да се замрзне и отстрани местото со абнормални клетки. Криотерапијата може да се изврши во гинеколошки амбуланти и на гинеколошките оддели во болниците. Таа е скоро безболна и обично не е потребна локална анестезија.
Ласерско отстранување
При оваа постапка се користи ласер за да се загреат абнормалните клетки и да можат да испарат. Лечењето со ласер најчесто се извршува на гинеколошките оддели во болниците, со локална анестезија, за да не биде болно.
Дијаметрија со жичка
Дијаметрија со жичка (се нарекува и ЛЕЕП или ЛЛЕТЗ), денес е највообичаениот и наједноставниот начин на лекување. Абнормалните клетки се отстрануваат со мала жичена врвца, загреана со електрична струја. Дијаметријата со жичка може да се изврши во гинеколошките амбуланти и на гинеколошките оддели во болницитге. Се извршува со локална анестезија и не е болна.
Конизација
Конизацијата се извршува на тој начин што од грлото на матката се отсекува дел од ткивото во вид на конус.Тоа може да се направи со жичена врвца, ласер или со посебен нож. Постапката може да се направи со локална и целосна анестезија. Ако се извршува со целосна анестезија, можно е да биде потребно пациентот да остане во болницата преку ноќ.

