Колку често се оди на скрининг?

Во најголем број од програмите за скрининг опфатени се жените на возраст 25-65 години. Најдобро би било да се прави редовен Пап тест според следнава шема.

Возраст

Период

25

Прв преглед

25-49

Еднаш на секои 3 години

50-64

Еднаш на секои 5 години

65+

Само жените чии резултати биле лоши на последното тестирање