Имате абнормален резултат на тестот?

Поголемиот дел од резултатите на тестовите се уредни, но некои не се. Ако имате абнормален резултат, тоа едноставно значи дека некои  абнормални клетки се пронајдени во грлото на вашата матка. Најчесто, ова се благи неправилности и ова не значи дека имате рак. На многу жени со неправилен цитолошки резултат не им е потребен никаков третман. Меѓутоа, на некои ќе им биде потребно лечење и сите жени со неправилен резултат на Пап-тестот треба да бидат внимателно следени за да се намали ризикот од развој на рак на грлото на матката.