Упатени сте на колпоскопија?
Колпоскопија е едноставна постапка која му овозможува на лекарот темелно да го прегледа грлото на матката и да открие можни неправилни промени.
Колпоскопијата е слична на земањето примерок за Пап-тестот, освен што за копоскопијата се користи посебен микроскоп кој се нарекува колпоскоп. Тоа не е воопшто понепријатно од Пап-тестот бидејќи копоскопот останува надвор од вагината.
За да се изврши копоскопијата, треба да легнете на грб на поставената маса, во положба слична на онаа за Пап-тестот. Докторот во вагината внимателно ќе го внесе спекулумот за јасно да се види грлото на матката. Понекогаш се зема и примерок за Пап-тест. Потоа, со копоскопот ќе се прегледа вагината. На грлото на матката се нанесуваат разни течности кои овозможуваат полесно да се воочат неправилните делови.
Доколку со копоскопијата не се пронајде ништо, понатамошната постапка ќе зависи од резултатот од брисот земен од грлото на матката. Вашиот доктор ќе ви ги објасни можностите кои ви се на располагање.
Ако со колпоскопијата се утврдат неправилности, лекарот ќе земе мал дел од ткивото со неправилности (биопсија) за да се утврди дали му е потребно лечење или не. Понекогаш, ако сте биле упатени на колпоскопија поради средни или тешки неправилности, можно е да ви се понуди лечење што побрзо. Вашиот лекар ќе ви ги објасни предностите и недостатоците на потребниот третман.

