Скрининг рано откривање
Рак на грлото на матката се јавува кога клетките на грлото кои се инфицирани со еден или повеќе високоризични типови на ХПВ стануваат абнормални и полека почнуваат да се развиваат во рак. Скринингот се користи за да се пронајдат овие абнормални клетки додека се во раната фаза и можат лесно да се отстранат, со цел да не се развијат во рак.

