Петиција СТОП за рак на грлото на матката
Ако не сте се потпишале на петицијата, сторете го тоа сега: www.CervicalCancerPetition.eu
Европското здружение против ракот на грлото на матката (ECCA – European Cervical Cancer Association), Европската организација против ракот (ECCO – European CanCer Оrganisation), Здружението на европски лиги против ракот (AECL – Association of European Cancer Leagues) и Меѓународната унија против ракот (UICC – Union International Contre le Cancer) ја започнаа петицијата СТОП за ракот на грлото на матката, според инцијативата на Лисабонскиот договор на граѓаните на европската унија, со која може да се присили европската комисија да преземе нешто ако тоа го побараат по пат на петиција милион или повеќе европски граѓани. До сега петицијата ја потпишале повеќе од 560 000 луѓе, кои бараат политичка поддршка која е потребна за елиминација на ракот на грлото на матката во Европа, а тој број се зголемува секојдневно.
Важно е да се истакне дека знаеме што точно треба да се направи за да се спречи секој случај на рак на грлото на матката. Преку организирани програми за скрининг може да се намали појавата на рак на грлото на матката за 80%, а новите технологии сега нудат можност и вака значајниот успех да се подобри. Сепак, изненадувачки е фактот што поголемиот дел од Европјанките сеуште немаат пристап до тие програми.
Која е помошта од петициите? Иако Лисабонскиот договор сеуште не е прифатен, петиција со милион потписи има сепак морална тежина бидејќи претставува мислење на пошироката јавност, а тоа политичарите будно го следат. Покрај тоа, петиција со милион потписи е многу корисна за насочување на медиумското внимание кон овие проблеми, а воедно и за зголемување на свесноста на широката јавност за превенција на ракот на грлото на матката.

