Кампања Бисер на мудроста (Pearl of Wisdom®) за превенција на ракот на грлото на матката
Скоро секој случај на рак на грлото на матката може да се спречи со организирана програма за скрининг во комбинација со вакцина против ХПВ, но повеќето жени немаат пристап до овие програми.
Кампањата Бисер на мудроста е започната за да се има единствен и препознатлив симбол со кој ќе се покаже поткрепа за превенција на ракот на грлото на матката. Потоа, средствата собрани со кампањата Бисер на мудроста се наменети за проекти за превенција на ракот на грлото на матката , како:
- Развој и дистрибуција на едукативен материјал за широката јавност за превенција на ракот на грлото на матката и поттикнување на жените да ги искористат сите можности кои им се нудат,
- Развој на едукативен програм за здравствените работници со кои ќе стекнат нови знаења за модерните методи кои се применуваат во превенцијата на ракот на грлото на матката,
- Едукација на политичарите, за да ја сфатат предноста на програмите за превенција и што побрзо да ги применат во средините каде не се достапни, а таму каде што се достапни да се подобрат стапките на учество.


