Награди во 2010 година-Бисер на мудроста во превенцијата од цервикалниот карцином
Наградите Бисер на мудроста се доделуваат на заслужни луѓе и организации кои имаат направено исклучителни напори во превенцијата од цервикалниот карцином во нивните заедници. За следните награди Бисер на мудроста, наградите ќе бидат доделени за време на Неделата за превенција од цервикален карцином (24-30 Јануари 2010) на членовите на Европската Асоцијација за цервикален карцином (ЕССА), а оние кои ја креираат политиката за превенција од цервикален карцином ќе предложат Проекти за кои сметаат дека се вредни и потоа ќе гласаат за 12 Проекти за кои ќе се одлучи дека се најдобри.
Критериуми за избор:
- Проектите треба да ја имаат како таргет група општата популација во градот, регионот или да биде на национално ниво. На пример, Проект кој ќе имплементира Програм за скрининг на цервикален карцином во повеќе клиники, болници и кој ќе и служи на општата популација на градот, регионот или земјата би бил погоден за избор, но имплементацијата на скрининг услугите во склоп само на една болница не е доволна за избор на тој Проект.
- Проектите треба да бидат дизајнирани за да имаат директно влијание врз стапките на цервикалниот карцином. На пример, проект за едукација на жените во градот, регионот или земјата за тоа како тие можат најдобро да се заштитат себеси и своите ќерки од цервикален карцином со зголемување на користење на достапните услуги, би бил подобен за избор, но истражувачки Проект за евалуација на изведбата на некој тест или вакцина кои подоцна би биле ислкористени во превентивните програми, не ги исполнува критериумите за избор.
- Луѓето и организациите вклучени во овие Проекти не треба да примаат ниедна директна или индиректна финансиска поддршка од Проектот. На пример, луѓето и организациите кои работат на имплементација на Програмот за HPV вакцинација би биле подобни според вклезните критериуми за награда ако докажат дека не примиле никакви финансиски надокнади освен нивната редовна плата од Програмот. Сепак, компаниите или работодавците на компаниите кои го поддржуваат планирањето или имплементацијата на Програмот за HPV вакцинацијата, а после тоа ги продале или ќе ги продадат продуктите или услугите од тие програми, не би ги исполнувале критериумите за избор.
- Проектот треба да има суштински и мерлив напредок кон исполнување на целта. Проектот не треба да биде комплетен, но мора да биде во можност да покаже дека конкретни цели се постигнати. На пример, скрининг програм кој има објавен план за имплементација, воспоставена административна структура и има договорено буџет со Владата, би ги исполнувал критериумите за избор па дури и Програмот сеуште да не е почнат, бидејќи ова се значајни достигнувања во процесот на имплементација на програмот.
Сите членови на ЕССА и на РССР се покануваат да достават Проекти кои би се разгледувале за награда. Ве молиме потпишете се во делот за Членство за да ја добиете пријавата за зачленување.

