Недела на превенцијата на рак на грлото на матката

Ракот на грлото на матката е единствен по тоа што знаеме точно што треба да направиме за да се спречи скоро секој случај; програмите за ефективен скрининг и вакцинација можат речиси во целост да го елиминираат ракот на грлото на матката. Но, две препреки се наметнуваат за тоа да стане реалност во Европа:

  • Поголемиот дел од жените во Европа сеуште знаат малку за ракот на грлото на матката или неговата превенција,
  • Многу европски држави имаат неефикасни програми за превенција на рак на грлото на матката, или воопшто ги немаат.

ECCA затоа ја создаде европската недела за превенција на рак на грлото на матката во 2007 година, со цел да се поткрене свеста за тој рак и неговата превенција кај:

  • Жените во Европа, за да дознаат што треба да направат за да ја избегнат оваа болест, и кои можности им се на располагање,
  • Политичарите и работниците во јавното здравство во Европа, за да ја сфатат предноста на програмите за превенција и нив да ги применат во средините каде што не се достапни.
Извештаи од неделата на превенција на ракот на грлото на матката

недела на превенцијa 2010

недела на превенцијa 2009

недела на превенција 2008

недела на превенција 2007